Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Повеќе полициски акции за дрога, откриена и во пакет за затвореник во Идризово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library1itk12uaagl9agzeQcO
Илустрација / Скопје1

СВР Велес поднесе известување против 19-годишниот Б.А. од Кавадарци поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

— реклама —

Според полицијата, на 17 декември минатата година кај Спомен костурницата во Неготино, пријавениот оставил марихуана и амфетамин под клупа, по што дрогата била пронајдена и одземена.

— реклама —

Во друг случај, вчера попладне пред Казнено-поправна установа Затвор Идризово била лишена од слобода 25-годишната В.А. од скопско, откако при преглед на пакет што го носела за осудено лице биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана.

Исто така, полициски службеници од СВР Велес привеле три лица по претходна пријава дека користеле дрога во угостителски објект во Велес. Станува збор за С.Ч. (34), С.Т. (53) од Велес и С.Џ.Х. (55) од село во општина Чашка.

— реклама —

Од полицијата информираат дека лицата биле затекнати пред објектот, при што С.Ч. се однесувала агресивно кон полициските службеници, а на масата каде што седеле биле пронајдени остатоци од бела прашкаста материја.

— реклама —

За сите случаи е известен јавен обвинител и по целосното документирање ќе следуваат соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 4 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 4 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 4 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања