„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Повик за распит 11 часа по кандидатурата – Обвинителството ја „пушта на пауза“ Ивановска до по изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-08-15-at-20.48.55

По пријава против поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска, која ја добиле во февруари, Обвинителството тргна во поход да го расчисти случајот, па покана за распит и испратиле во јули. Ивановска пак, поканата ја доби денеска, 11 часа по нејзината кандидатура за градоначалник на Центар. Откако јавно изреагира и кажа дека ова според неа е притисок, Обвинителството се предомисли па реши да и даде шанса, да се јави на распит после изборите. Ивановска на социјалните мрежи сведочеше како вчеравечер, полиција и дошло пред врата.

— реклама —

„Синоќа во 20:30ч двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам Поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август. Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на коруцпија и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација. Ние со вашата поддршка ќе ја вратиме моќта кај граѓаните и нивното достоинство затоа што институциите треба да ни служам нам, а не на центрите чиј интерес е профитот. Јас навреме ќе ве информирам за ситуацијата околу оваа кривична пријава, но секако, адреса на информирање е и Обвнителството како е надлежна институција“, напиша Билјана Ивановска, експретседателка на ДКСК и актуелна кандидатка за градоначалничка на Центар.

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека постапува по приватна кривична пријава поднесена на 18 февруари 2025 година и презема дејствија за проверка на наводите. „Како едно од дејствијата е испитување на наведеното лице кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од обвинителството е испратена на 25 јули 2025 година и на ниту еден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата,“ соопштија од ОЈО.

— реклама —

По објавата на социјалните мрежи на Билјана Ивановска – експретседателка на ДКСК и кандидат за градоначалник на Општина Центар – дека повикот за распит во Основното јавно обвинителство Скопје го добила само 11 часа по најавата на својата кандидатура, надлежен јавен обвинител телефонски ја контактирал и ѝ понудил, доколку смета дека распитот претставува форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

WhatsApp-Image-2025-08-26-at-19.28.27_4399b874

Неизвесна трка во Центар: Герасимовски и Ивановска во борба за фотелјата, трет ќе биде Лабудовиќ

Скопје | пред 4 месеци

ivanovska

Обвинител ја контактирал Ивановска - распитот може да се одложи кога ќе завршат изборите!

Македонија | пред 4 месеци

grubi-4

Груби ја нарече Антикорупциска неспособна, па веднаш се огласи Ивановска

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2023-05-22-122828

Ивановска апелира родителите да не бркаат „врски“ за оценки

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања