Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Повраќало, но имало уредни анализи - што се случувало пред смртта на бебето во Кавадарци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
655-402-bebe

Од Општа болница Кавадарци соопштија дека лекарските тимови 35 минути се обидувале да го реанимираат двомесечното бебе кое почина по нагло влошување на здравствената состојба. Информацијата ја соопшти директорката на болницата, Гордана Ѓорчева Камчева, која во писмено обраќање изрази сочувство до родителите на починатото дете.

— реклама —

Според нејзиното објаснување, доенче со иницијали У.М., на возраст од два месеца, било примено на Одделот за педијатрија на 12 јануари 2026 година, поради обилно повраќање по хранење. Во деновите на болнички престој, детето било со уредни витални параметри и уредни лабораториски анализи, без повторна појава на повраќање.

На 14 јануари 2026 година, по итен повик од мајката дека бебето престанало да дише, веднаш бил повикан дежурниот педијатар, а истовремено и анестезиолог. Како што информира директорката, веднаш била започната реанимација со соодветна терапија, која траела околу 35 минути, но, за жал, без успех.

— реклама —

По констатирањето на смртта, согласно законските процедури, биле известени Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство. Земени биле изјави од родителите и од дежурниот медицински персонал, по што телото на доенчето било предадено на обдукција, со цел утврдување на точната причина за смртта.

Од Општата болница Кавадарци посочуваат дека ќе соработуваат целосно со надлежните институции во понатамошната постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

bolnica-prilep-34-750x430-696x399-1

Ексдиректорката на прилепската болница исплаќала пари преку фиктивни налози – со фискални сметки за гориво, ресторани, пицерии и кафеани

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Благајник од прилепската болница присвоил околу 245.000 евра – лишен од слобода по акција на Финансиска полиција

Македонија | пред 3 месеци

bolnica-stip

Син кршел инвентар по смртта на татко му во болницата во Штип: Приведен 29-годишник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

Мајка нападнала шестмесечно бебе во Скопје, пренесено е на скопските клиники

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања