Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Повредениот Ахмед кој стана симбол на храброст во масакрот во Сиднеј полека заздравува - светот му оддава почит!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library9mnn92dh04fjaxKqF9n
Х

Додека Австралија сè уште се соочува со последиците од масакрот на плажата Бонди, јавноста го насочи вниманието кон човекот кој успеа да го спречи напаѓачот да продолжи да убива. Ахмед ал Ахмед, сопственик на продавница за овошје од Сиднеј, моментално закрепнува во болница по сложена операција на раката и надлактицата, потврди неговото семејство.

— реклама —

Неговото херојство првпат се виде на видеата што кружат на интернет: човек кој, кришум движeјќи се зад паркираните автомобили, се нафрла врз еден од вооружените напаѓачи одзади, ја зграпчува пушката и го турка на земја. Австралиската полиција веќе соопшти дека напаѓачите – татко на 50 години и неговиот 24-годишен син – намерно го нападнале религиозниот еврејски собир на Бонди, при што беа убиени 16 лица, во најсмртоносниот вооружен напад во земјата во речиси три децении.

Братучедот на Ахмед, Мустафа, за 7News Australia изјави дека семејството било уверено дека лекарите успешно ја завршиле операцијата и дека Ахмед е стабилен.
„Тој е херој, тој е сто проценти херој. Тој е сè уште во болница и не знаеме точно што се случува внатре, но се надеваме дека ќе биде добро“, рече тој.

— реклама —

Признанијата за неговата храброст пристигнуваат од целиот свет. Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша како „многу, многу храбра личност“ која спречила многу поголема трагедија. Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, исто така изрази огромна почит, оценувајќи дека снимката од моментот на разоружувањето е „најневеројатната сцена што ја видел досега“.

Паралелно, поддршката за Ахмед пристигнува и финансиски. Кампањата на GoFundMe, отворена за негово закрепнување и помош, собра повеќе од 200.000 австралиски долари за само неколку часа. Најголемата донација ја упати милијардерот Бил Акман – 99.999 австралиски долари, кој дополнително ја сподели акцијата и на својата сметка на платформата Х.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0l4m5l65fkof9agvlfX

(Видео) Сиднеј ја дочека 2026 година со спектакуларен огномет и засилени безбедносни мерки

Свет | пред 2 седмици

media-library9hourqbsgd376YRjIF1

Пацифиикот прв во светот ќе ја пречека 2026 година, Сиднеј ќе испрати порака за мир по нападот на Бонди

Свет | пред 3 седмици

media-librarya51htd7auulb4uUxsp7

Апсења во Сиднеј по масакрот во Бонди: полицијата спречила можен нов напад

Свет | пред 1 месец

media-libraryj0voeh5q65pjfVuHYXd

Обвинет преживеаниот напаѓач од Бонди: 15 убиства и терористички чин

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања