„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Повторно избор од тефтерче, професионалноста и стручноста не се прашуваат, вели Ивановска за надзорните одбори во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Коментари
Biljana-Ivanovska

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, јавно реагираше на последните избори на членови на управни и надзорни одбори во Град Скопје, оценувајќи дека процесот повторно се спроведува „од тефтерче“, без вистинска транспарентност и без почитување на принципите на професионалност и демократија.

Ивановска посочува дека, и покрај јасните законски одредби кои треба да обезбедат транспарентност и стручност, праксата останува иста – политичката волја е единствениот и одлучувачки фактор. Според неа, членовите на управните и надзорните одбори најчесто се исклучиво партиски кадри, а при секоја промена на власта следува „чистка“ по принципот „или си од нашите или не“.

— реклама —

„Никој не прашува за стручност, професионалност и одговорност“, реагира Ивановска, додавајќи дека ваквата практика создава лоша состојба во јавните претпријатија и институции.

— реклама —

Таа потсетува дека Законот јасно предвидува дека, доколку основачот ги разреши сите членови на управен одбор, до изборот на нов состав може да назначи вршители на должност кои ги исполнуваат законските услови, со мандат од три месеци и без можност за продолжување.

— реклама —

Клучното прашање што го поставува Ивановска е: како јавноста ќе знае дали предложените лица навистина ги исполнуваат законските услови, доколку не се соопшти јавно кои се кандидатите и по кои критериуми се избрани?

Со оваа реакција, таа повторно го отвора прашањето за вистинската транспарентност и отчетност во кадровските политики на локално ниво, нагласувајќи дека без јавност и јасни информации, законските гаранции остануваат само „мртва буква на хартија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3ubopt15lmq0dHrUBgV

Нов директор во „Лајка“: Орце Ѓорѓиевски го брани изборот, Штерјова обвинува за партизација

Скопје | пред 3 дена

media-libraryacssdvpb4m0oeVWqaK2

Цаневска: Скопје станува „невидливо“ за инвеститорите по суспендирање на кредитниот рејтинг Б+

Скопје | пред 3 дена

media-libraryo50v32k7adh95ZJe2f8

(Фото) „Бандит“ на говорницата на Град Скопје

Македонија | пред 3 дена

media-librarylb03orba9b188mShzls

Не заборавајте: затворен за сообраќај е потегот од Кисела Вода до Црвен Крст во центарот на Скопје

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања