Промени тема
Контакт

Повторно се разгоре пожарот во Словенија, гаснењето отежнато поради непристапниот терен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
media-library4npddjapi8h6aq6SM4N
unsplash / Илустрација

Пожарот над селото Срењи Врх, во близина на Крањска Гора во Словенија, повторно се разгорел денеска, откако минатата сабота бил речиси целосно изгаснат.

— реклама —

Гаснењето е насочено кон две жаришта на тешко пристапен терен, каде што интервенираат пожарникари, воен хеликоптер и два авиона „Ер трактор“.

— реклама —

На површина од околу еден хектар сè уште има подземни жаришта, односно пожарот тлее под површината. Целта на екипите е да го натопат земјиштето со вода и да спречат повторно ширење на пожарот на површината.

Поради непристапноста на теренот, противпожарните возила не можат да стигнат до пожарот, па гаснењето се врши од воздух.

— реклама —

Во Словенија и натаму е во сила предупредување за висок до многу висок ризик од пожари на отворено. Највисокото ниво на опасност важи во делови од југозападниот регион Приморска.

Пожарот избил минатиот петок и зафатил околу 30.000 квадратни метри, а се претпоставува дека бил предизвикан од удар на гром. Во саботата бил ставен под контрола, но во понеделникот повторно биле забележани помали жаришта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqnv4rtloq1bm20nOuTs

Словенците ги отфрлија измените на Законот за парламентарна истрага на референдум

Балкан | пред 6 часа

— реклама —
glasanje

Словенците денес на четири референдуми: За укинување на РТВ-претплатата и ограничување на правото на глас за странци

Свет | пред 1 ден

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Словенија: 62 отсто од граѓаните користат алатки со вештачка интелигенција

Технологија | пред 3 дена

Skolo

Словенија ја укинува деветолетката

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања