Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Повторно запалено градското ѓубриште во Радовиш, сомнежи за подметнат пожар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryisjjiuquqadp1LZJaat

Градското ѓубриште во Радовиш повторно било зафатено од пожар, а од ЈП „Плаваја“ тврдат дека постојат индиции оти огнот бил намерно подметнат.

— реклама —

Од јавното претпријатие информираат дека пожарот не започнал на локацијата каде што во последните денови се одлага комуналниот отпад, туку надвор од неа, по што се проширил кон највисокиот дел од депонијата каде што бил складиран отпадот собран во изминатите три недели.

Според нивните информации, и овој пат за потпалување биле искористени автомобилски гуми, што, како што наведуваат, укажува дека не станува збор за случаен настан.

— реклама —

Благодарение на навремената реакција на вработените во претпријатието, спречено било целосно зафаќање на одложените количини отпад и поголема материјална штета.

— реклама —

Од ЈП „Плаваја“ упатија апел до надлежните институции да преземат законски мерки за откривање на сторителите и спречување на вакви инциденти во иднина.

„Овие настани предизвикуваат штета врз животната средина, го загрозуваат здравјето на граѓаните и создаваат дополнителен товар врз службите што секојдневно работат на одржување на јавната чистота и редот во градот“, наведуваат од претпријатието.

— реклама —

Оттаму порачуваат дека ќе продолжат одговорно да ги извршуваат своите обврски, но дека за решавање на ваквите појави е неопходна институционална реакција и утврдување на одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd0r9lastuq4p5thrLxP

(Видео) Пет нови жаришта на радовишката депонија, претпријатието се сомнева во намерно палење

Настани | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryvdp9dn6gkjj0eboMVON

(Фото) Пожарникарите од Радовиш со драматична борба го изгаснаа пожарот во поранешен „Декортекс“

Македонија | пред 1 месец

media-library0m0oquh2va851PzSZ7c

(Видео) Пожарот во Радовиш под контрола: Неколку пожарникари вдишале чад и се здобиле со полесни изгореници во пожарот во Радовиш

Македонија | пред 1 месец

media-library518u5596bhoo2YSw0uK

(Видео) Голем пожар во Радовиш, гори поранешна фабрика

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања