Промени тема
Контакт

Пожар уништи редок „ламборгини“ во Хрватска, оштетени и седум станови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-librarygudonvs5m446bL7QT8B
unsplash

Тројца мажи се приведени под сомнение дека се поврзани со подметнувањето пожар во Велика Горица, Хрватска, во кој целосно изгоре луксузен автомобил „ламборгини“, а огнот се прошири и оштети уште четири возила и седум станови.

Хрватската полиција соопшти дека против нив се води истрага за кривично дело загрозување на животот и имотот со општоопасно дејствие или средство.

— реклама —

Огнот се проширил на уште четири автомобили, меѓу кои и уште едно „ламборгини“, како и на седум станови во блиската зграда.

Полицијата соопшти дека криминалистичката истрага е во тек.

— реклама —

Пожарникарите интервенирале по пријава за отворен пламен примена во 2:55 часот. Според првичните информации, горел контејнер покрај станбена зграда, а пожарот потоа се проширил на паркираните возила и фасадата на објектот.

Командантот на Јавната противпожарна единица на Велика Горица, Ивица Мацековиќ, изјавил дека на терен биле испратени две возила и девет пожарникари.

„Имаше голема количина чад бидејќи гореше пластика. Едно возило целосно изгоре, а уште три беа оштетени“, изјавил Мацековиќ.

— реклама —

Во пожарот целосно бил уништен редок модел Lamborghini Revuelto, кој според хрватските медиуми бил единствениот регистриран примерок од тој модел во Хрватска.

Станува збор за plug-in хибриден суперавтомобил со V12 мотор и три електромотори, со вкупна моќност од 1.015 коњски сили. Автомобилот достигнува 100 километри на час за 2,5 секунди, а максималната брзина му е поголема од 350 километри на час.

— реклама —

Цената на нов модел се движи од околу 500.000 евра, а може да биде и значително повисока во зависност од опремата.

Во пожарот нема повредени лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3qoo07dtm5e68pKJCaB

Хрватски ресторански критичари го посетија „Македонски мерак“ во Загреб: „Турли тавата е причина да се вратиме“

Патувања | пред 2 дена

— реклама —
evra

Цените на недвижностите во Хрватска пораснаа 12,7 отсто за една година

Балкан | пред 2 дена

media-libraryopbbvkghoaava0Q7SPj

На 65 години почина поранешната хрватска министерка Андреа Златар Вјолиќ

Балкан | пред 5 дена

zagreb

Работниците во јавниот превоз и комуналните служби штрајкуваат во Загреб

Балкан | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања