Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пожар во сместувачки капацитет во Делчево: Сопственикот осомничен за сериозни пропусти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
pozarna-

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и против Н.Д. (35) од Делчево, сопственик и раководител на правното лице, поради основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавените не ги почитувале законските одредби за изградба на објект, утврдени во член 68 и член 70 од Законот за заштита и спасување. Тие не обезбедиле проект за објектот, не поседувале одобрение за градење од надлежен државен орган, ниту пак согласност на елаборат за заштита од пожари и експлозивни материи.

— реклама —

Дополнително, дејноста се извршувала без соодветна документација, а објектот не бил евидентиран во Агенцијата за катастар на недвижности.

— реклама —

На 1 јануари 2026 година во објектот избувнал пожар, при што во моментот внатре имало сместено околу 30 гости. Со тоа, според МВР, бил доведен во опасност животот и телото на лицата кои престојувале во сместувачкиот капацитет.

— реклама —

По целосно документирање на случајот, предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycnknba9drcl66ylKZAu

За викендот приведени 34 возачи поради безобѕирно возење

Македонија | пред 4 часа

avtopat

Со 1,65 промили алкохол се движел пеш по автопат среде ноќ

Македонија | пред 9 часа

media-library504h3sor75i1c1zwuYt

Кражба во црква кај Крива Паланка, украдени пари и бакарен котел

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања