Промени тема
Контакт

Пожарот кај Желино се шири кон Еребино – сомнеж за подметнување, ангажирана армијата и воздухопловна поддршка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-07-19-at-15.47.48

Голем пожар избувна денеска во општина Желино, со тенденција на ширење кон селото Еребино, зафаќајќи сува вегетација и нискостеблеста шума. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот поради ветерот и непристапниот терен има висок ризик од проширување, но на терен се ангажирани сите расположливи сили и средства за спречување на огнената стихија.

„Заедно со градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, сме на лице место и ги координираме активностите. Сите ангажирани служби работат со полна сила на локализација на пожарот“, изјави директорот на ЦУК, Мухамед Аљи.

— реклама —

На терен се вклучени:

еден армиски хеликоптер,

— реклама —

полициски камион МАН со цистерна и воден топ,

два теренски пинцгауера и едно возило хермелин,

30 припадници на Армијата на Република Северна Македонија,

— реклама —

екипи на скопската противпожарна бригада и ТППЕ Тетово.

Дополнително, во 16:00 часот ќе полетаат и два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување за воздушна поддршка.

ЦУК информира дека постои основано сомнение дека пожарот е подметнат и најави дека надлежните институции ќе спроведат истрага.

Надлежните апелираат до граѓаните да се воздржат од активности кои можат да предизвикаат пожари и потсетуваат дека подметнување пожар е кривично дело.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library64vnuv8c02r09DiTpEw

Над 40 пожари за еден ден, 16 сè уште не се изгаснати

Македонија | пред 6 дена

media-librarysesrjviu6vap1uToRCs

Активен пожар на Шар Планина, огнот зафатил пасишта над Боговинското Езеро

Македонија | пред 6 дена

pozarna-

Гореше стан кај Клинички, пожарникар се наголтал чад и заврши во болница

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања