Промени тема
Контакт

Пожарот кај Омиш ставен под контрола, изгореа околу 1.000 хектари – се истражува причината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Балкан
media-librarygqt9lo81s8unbXU8sxV

По тешкиот пожар што во изминатите денови ја зафати областа Омиш, состојбата во текот на ноќта била мирна и немало ново разгорување на пожариштата, соопшти главниот пожарникарски командант на Хрватската пожарникарска заедница, Славко Туцаковиќ, пренесуваат локалните медиуми.

„Сите пожаришта ноќеска беа мирни, немаше нови разгорувања, а пожарникарите дежураа на сите локации. Во текот на денот ќе продолжи санирањето, особено на пожариштето над Омиш“, изјави Туцаковиќ.

— реклама —

Тој додаде дека во текот на ноќта на одредени места имало отворен пламен, но тој бил изгаснат.

Во меѓувреме, Државното обвинителство на Хрватска соопшти дека според досегашниот увид, пожарот избувнал на 13 август околу 20 часот во шумски предел покрај патот во областа Локва Рогозница.

— реклама —

Под влијание на ветерот, огнот потоа се проширил кон Омиш, зафаќајќи подрачје долго околу 23 километри и широко околу 1,5 километри. Според досегашните проценки, изгореле околу 1.000 хектари.

— реклама —

Во присуство на стручни лица од Центарот за криминалистички и форензички вештачења „Иван Вучетиќ“ од Загреб, во саботата продолжил увидот на местото каде што избувнал пожарот. Биле земени материјални примероци кои треба да помогнат во утврдувањето на причината за избувнувањето на огнот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygqt9lo81s8unbXU8sxV

Нова жртва на пожарот кај Омиш: Почина жена тешко повредена во огнената стихија

Балкан | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryqimunieebu3rej0thll

Стравични последици од пожарот кај Омиш: Изгореа 106 возила, 28 куќи и 45 пловила

Балкан | пред 3 седмици

media-libraryjtn3edsqbgpsfY2nsoH

(Видео) Снимка од драматичното бегство на семејство од пожарот во Омиш: Високата температура почнала да го оштетува возилото

Настани | пред 3 седмици

media-librarymo5apvb3suac0HwcLa9

(Видео) Неверојатни сцени од пожарот кај Омиш: Влегле директно во огненото жариште

Настани | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања