Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Позната возраста на лицата кои силувале и уценувале малолетничка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryaghfv2svf1fi7Ja0A1g

СВР Куманово денеска (10 јануари 2026 година) до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Н.А. (31) од селото Слупчане, Општина Липково, за сторени кривични дела „полов напад и силување“ и „уцена“, како и против Ќ.М. (28), исто така од селото Слупчане, за сторено кривично дело „полов напад и силување“.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Н.А. спротивно на јасно изразената волја извршил полови дејствија врз малолетна девојка на подрачјето на липковскиот регион, а потоа ја принудил на полови дејствија и со вториот пријавен, Ќ.М.

— реклама —

По извршените кривични дела, Н.А. ѝ се заканувал на малолетничката дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати сума од 20.000 евра. Под притисок и закани, девојчето било принудено да зема пари од домот без знаење на родителите, како и да позајмува од други лица, по што во повеќе наврати му ги предавала парите на пријавениот.

— реклама —

Од МВР информираат дека случајот е целосно документиран и предаден на надлежното обвинителство, кое ќе постапува понатаму согласно законските процедури.

— реклама —

Во интерес на истрагата, како и поради потребата од целосна заштита на малолетната жртва, Министерството за внатрешни работи апелира до медиумите и јавноста за внимателно, одговорно и етичко известување за настанот, без откривање на идентитетот на жртвата и без шпекулации, исклучиво врз основа на официјални информации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryobodqo8jcvav7Qe15vw

Скопјанец со 3,29 промили алкохол предизвика сообраќајна несреќа

Македонија | пред 50 минути

puska

Пронајдени три пушки при претрес во Старо Нагоричане, приведен 77-годишник

Македонија | пред 1 час

media-libraryibc9fg0j3r2g2mQX78i

Возач прегази пешак во Скопје и побегна, полицијата го уапси

Македонија | пред 12 часа

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

По недоразбирање го пресретнале со две возила, еден од нив му вперил пиштол и го нападнал со кундакот

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања