Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Пратениците денес ќе расправаат за кризна состојба, државна ревизија и образовни програми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 часа -

Македонија
Screenshot-2024-01-28-at-12.34.23

Пратениците денеска ќе расправаат за повеќе законски измени, национални програми и одлуки од областа на безбедноста, образованието и државната ревизија. Собранието ќе ги продолжи седниците 121 и 125, а ќе ја започне и 126. седница.

— реклама —

На продолжението на 121. седница ќе се разгледува Годишниот извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер за 2025 година.

— реклама —

На дневниот ред на 125. седница се измените на Законот за административни службеници, по скратена постапка, како и измените на Законот за надворешни работи, во прво читање. Пратениците ќе ги разгледуваат и предлог-националните програми за високото образование и научноистражувачката дејност за периодот од 2025 до 2030 година.

На новата, 126. седница, ќе се расправа за продолжување на рокот за постоење кризна состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјава.

— реклама —

Меѓу точките на дневниот ред се и Дополнетиот предлог-закон за државната ревизија, во трето читање, одлуката за испраќање припадници на Армијата во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, како и предлог-законот за ратификација на Третиот протокол кон Општиот договор за привилегии и имунитети на Советот на Европа.

Пратениците ќе одлучуваат и за избор на надворешен член на Комисијата за хартии од вредност, како и за именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sobranie-nov-sostav-sdsm

Пратениците и вработени на државно добиваат можност за приватно здравство на товар на институциите, граѓаните нека чекаат термини, вели Мицковски

Коментари | пред 1 месец

— реклама —
Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

„Сложни попови и во петок мрсат“: пратениците не се откажуваат од вртоглаво големи суми за патни трошоци

Македонија | пред 1 година

gjorge-ivanov-1

Иванов до пратениците: Смирете се, соберете си ги фрустрациите

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања