Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

„Сложни попови и во петок мрсат“: пратениците не се откажуваат од вртоглаво големи суми за патни трошоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Дел од пратениците кои земаа вртоглави суми на пари за патни трошоци, ќе можат да продолжат да го прават тоа. Пропадна обидот за намалување на сумите за патарини, гориво, амортизација на возилата. Левица не доби поддршка од владејачкото мнозинство. Левица поднесе предлог – законот за ограничување на патните трошоци, со цел трошокот да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 километри (околу 500 денари).

— реклама —

Тоа би значело ако некој пратеник патува дневно 200 километри во два правци ќе земе околу 1.040 денари, наместо 3.200 кои ги зема сега за 200 километри.

„Честито нови милиони евра, колеги патриоти. Со здравје да си ги трошите“, напиша лидерот на Левица, Димитар Апасиев, откако предлог-законот за ограничување на патните трошоци за пратениците не беше усвоен и не беше ставен на дневен ред на денешната седница.

— реклама —

Иако во собраниската сала имаше 100 присутни пратеници, „за“ гласаа 23 пратеници, еден беше „против“, а немаше „воздржани“. Со тоа предлогот на Левица не беше усвоен.

Досега, јавноста беше сведок на исплати од илјадници евра за пратениците од другите градови кои патуваат за да се појават на седници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

gjorge-ivanov-1

Иванов до пратениците: Смирете се, соберете си ги фрустрациите

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања