Пратениците ќе одат од град во град за да разговараат со граѓаните - прва дестинација им е Ресен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Собранието на Република Македонија и годинава организира Парламентарен карван - манифестација која има за цел да ја приближи законодавната власт до граѓаните и да овозможи поголема вклученост на јавноста во демократската дебата и во подготовката на законски решенија кои ќе го подобрат животот.

— реклама —

„Парламентарниот карван за 2025 година тргнува на 9 мај (петок), а негова прва дестинација е Општина Ресен, каде што ќе се организираат повеќе активности за комуникација на граѓани со пратеници, во присуство и на претставници на Службата на Собранието, на канцелариите за контакт со граѓаните, општините, локални јавни установи, образовни институции, локални граѓански организации, како и домашни и меѓународни организации, кои помагаат во спроведување на настанот.

— реклама —

Во периодот до средината на јуни, карванот за 2025 година ќе ги посети и Крушево, Кратово, Крива Паланка, Валандово, Неготино, Тетово, Кичево и Куманово, како општини што не беа посетени за време на претходниот Парламентарен карван, во 2023 година. Завршната манифистација, пак, и годинава е предвидено да се одржи во Скопје – во околината на Собранието на Република Северна Македонија.

— реклама —

Преку разни активности во централните места во градовите и општините ќе се испратат клучните порака на манифестацијата „Собранието за граѓаните“ и „Отворено и одговорно“, а со цел да се подвлече дека законодавниот дом е одговорен како институција пред граѓаните.

Парламентарниот карван ќе обезбеди присуство на пратениците во општините или во изборните единици од каде што се избрани. Тоа е можност, пратениците да ги слушнат впечатоците на граѓаните за работата на Собранието и да се запознаат со проблемите кои бараат законодавна иницијатива.

Оваа активност на Собранието е во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) за 2025 година, финансиски поддржана од Швајцарската Конфедерација, а спроведувана во соработка со НДИ, ЦУП и ИДСЦС“, велат од Собранието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања