Промени тема
Контакт

Ако празникот биде во недела, да не се одмара во понеделник: Стопанска комора бара измени на законот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Македонија
kalendar

Стопанската комора на Македонија подготвува предлог-измени на Законот за празниците, со кои се предлага промена на начинот на користење на неработните денови. Предлогот наскоро треба да биде доставен до Министерството за економија и труд.

— реклама —

Според предлогот презентиран од проектниот менаџер во Комората, Анета Димовска, не се бара укинување на празниците, туку ограничување и поинаков начин на користење на неработните денови.

Една од предложените промени е воведување лимит од 13 неработни дена годишно за секој вработен. Покрај 11-те празници што важат за сите граѓани, при склучувањето на договорот за работа, вработените би избирале уште два празника од празниците на верските или етничките заедници.

— реклама —

Втората промена се однесува на празниците што паѓаат во недела. Според предлогот, тие повеќе не би се префрлале како неработен ден во првиот нареден работен ден.

— реклама —

Од Стопанската комора оценуваат дека сегашниот систем создава организациски и финансиски потешкотии за работодавачите. Според нив, честите продолжени викенди имаат негативно влијание врз продуктивноста, а истовремено придонесуваат за одлив на потрошувачката во странство.

Од Комората се повикуваат и на анализа на 36 европски држави, според која Македонија со вкупно 16 неработни дена за мнозинството граѓани – 11 државни и пет верски – се наоѓа меѓу земјите со најмногу неработни денови.

— реклама —

Според анализата, во повеќето европски земји, празниците што паѓаат за време на викенд не се префрлаат на нареден работен ден.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања