Промени тема
Контакт

Празнично затишје на европските берзи, златото и среброто со историски рекорди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
zlato

На европските берзи денеска преовладува празнична атмосфера, бидејќи голем дел од пазарите се затворени поради прославата на Бадник според Грегоријанскиот календар, додека останатите работат со скратено работно време за да им овозможат на вработените празничната вечер да ја поминат со своите семејства.

Франкфуртската берза денеска е целосно затворена, додека Лондонската и Париската берза работат со скратено работно време. Поради намалената активност, нивните главни берзански индекси бележат стагнација без значајни поместувања.

— реклама —

За разлика од европските пазари, Московската берза работи со редовно работно време. Индексот MOEX во 9:30 часот забележа пад од 0,52 проценти и се спушти на 2.711,27 поени.

Во исто време, пазарот на благородни метали бележи силна динамика. Цената на златото во еден момент ја надмина границата од 4.500 долари за унца, додека среброто се искачи над 72 долари за унца. Во двата случаи станува збор за нови историски рекорди, пренесува CNBC.

— реклама —

Аналитичарите оценуваат дека засилената побарувачка за злато и сребро е поврзана со глобалната неизвесност и зголемениот интерес на инвеститорите за сигурни вложувања во услови на нестабилни финансиски пазари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Златото падна за 0,4 отсто, вниманието насочено кон американската економија

Свет | пред 1 ден

media-library5p69iekkr9u05zSKcSu

Нов раст на металите на светските берзи: златото близу 4.700 долари

Свет | пред 1 седмица

media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Златото направи мала пауза по силниот раст: Анализата најавува ново искачување

Свет | пред 1 седмица

Zlato

Златото продолжува да расте: Цената се приближува до 4.400 долари за унца

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања