Промени тема
Контакт

Европските земји повлекуваат тони злато од Северна Америка: Зошто?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-library5p69iekkr9u05zSKcSu
Photo by Jingming Pan on Unsplash

Холандската централна банка преместила дел од националните златни резерви од Северна Америка во Лондон, наведувајќи ја зголемената геополитичка нестабилност и потребата златото да биде полесно достапно во случај на сериозна криза.

Околу 86 тони од вкупно приближно 313 тони злато што Холандија ги чувала во САД и Канада биле преместени во трезорите на Банката на Англија. Холандската централна банка соопштила дека одлуката е донесена поради „сè поголемата геополитичка нестабилност“.

Според објаснувањето, потегот не значи дека Холандија очекува конкретна претстојна криза, туку дека сака да биде подобро подготвена за неизвесностите во светот. Во услови на трговски и воени конфликти, централните банки сè повеќе се обидуваат да ги диверзифицираат местата каде што ги чуваат резервите.

Франција претходно годинава соопшти дека дел од своите златни резерви ги вратила од САД, додека германската централна банка Бундесбанк до 2016 година преместила повеќе од 216 тони злато од странски трезори – 111 тони од Њујорк и 105 тони од Париз.

— реклама —

Гувернерот на холандската централна банка, Олаф Слепен, изјавил дека очекува златото никогаш да не мора да биде употребено во кризна ситуација, но дека земјата мора да ја зајакне својата отпорност и подготвеност.

Лондон е избран поради неговата улога како едно од најголемите светски трговски средишта за злато. Банката на Англија е меѓу најголемите чувари на злато во светот, со околу 400.000 златни прачки во трезорите под центарот на Лондон, вредни повеќе од 200 милијарди фунти.

Преместувањето на резервите не секогаш значи физички транспорт на златото. Во случајот со Холандија, околу 59 тони биле продадени во Њујорк, а потоа биле купени дополнителни количества во Лондон, со што се избегнал прекуокеански транспорт. Повеќе од 27 тони, пак, биле физички пренесени од САД и Канада во Холандија, а потоа од холандскиот град Зеист биле испратени во Лондон.

— реклама —

Во последните години централните банки значително ја зголемиле побарувачката за злато. Според Светскиот совет за злато, во изминатите четири години централните банки во просек купувале по околу 1.000 тони злато годишно, двојно повеќе од просекот од околу 500 тони годишно во претходната деценија.

Златото, воедно, забележа значителен раст на цената, достигнувајќи рекордни нивоа. Неговата привлечност се поврзува со улогата на „сигурно засолниште“ во периоди на финансиска и геополитичка нестабилност, но на цената влијаат и инфлацијата, каматните стапки и зголемената побарувачка од централните банки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Златото падна за 0,4 отсто, вниманието насочено кон американската економија

Свет | пред 4 дена

media-library5p69iekkr9u05zSKcSu

Нов раст на металите на светските берзи: златото близу 4.700 долари

Свет | пред 1 седмица

media-libraryaj094p453jfhfUnbeir

Златото направи мала пауза по силниот раст: Анализата најавува ново искачување

Свет | пред 2 седмици

Zlato

Златото продолжува да расте: Цената се приближува до 4.400 долари за унца

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања