Промени тема
Контакт

Предупредување за жителите на Крушево: Не ја пијте водата од градскиот водовод

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library9eq6tqh8anvqaf8qb4C

Центарот за јавно здравје – Прилеп информира дека водата за пиење од градскиот водовод во Крушево е бактериолошки неисправна, поради што на жителите им се препорачува за пиење да користат исклучиво пакувана вода.

Од ЈП „Комуна“ – Крушево соопштија дека водата од градскиот водовод може да се користи за лична хигиена, подготовка на храна, перење и миење садови само по превривање од најмалку 10 минути.

— реклама —

Во соопштението се наведува дека редовно се врши хлорирање на водата, како и секојдневна контрола на присуството на хлор.

Препораките ќе останат во сила сè додека не се добијат три последователни исправни примероци од водата. Од Центарот за јавно здравје – Прилеп најавија дека ќе бидат во постојана комуникација со надлежните институции и навремено ќе ја информираат јавноста за состојбата.

— реклама —

Воедно, при испитувањето на водата од крајпатните чешми „Бензинска пумпа“ и „Св. Петка“, земени на 20 јули, исто така е утврдена бактериолошка неисправност, поради што тие не смеат да се користат како вода за пиење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiv92is2q55pc0GMlyvc

Крушево домаќин на Европското првенство во параглајдинг: Учествуваат 130 пилоти од 38 земји

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryctfaif6ij7d85USwRoK

Историско Крушево подготвено за Илинден, градот се полни со гости за продолжениот викенд

Македонија | пред 1 месец

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Во пет реони во Крушево водата не е безбедна за пиење, предупредување до жителите: Користете флаширана вода

Македонија | пред 1 месец

media-library4f4gkq3t8lrlaT1hzjI

Семејно насилство во Крушево: Со тврд предмет ја нападнал мајката на сопругата – приведен крушевчанец

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања