Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Прелетал“ на автопатот Скопје-Свети Николе: возачите знаат кај се „Сејф сити“, ама не и каде се полицајците со радари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryhoec7j516hjl12gZgqO

Возач на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки денеска е измерен како се движи со брзина од 203 километри на час на автопатот Скопје – Свети Николе, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Како што информира МВР, контролата била извршена денеска (7 октомври 2026 година) околу 16 часот, на околу три километри пред НС Преод. Полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со помош на уред за мерење брзина „LaserCam 4“, ја измериле брзината на возилото.

— реклама —

На делницата надвор од населено место, максимално дозволената брзина е 130 километри на час, што значи дека возилото се движело 73 километри на час над дозволеното.

Против возачот се преземени соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

— реклама —

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат на територијата на целата држава, со цел санкционирање на прекршителите, зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на сите учесници.

Министерството апелира до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ја приспособат брзината кон условите на патот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0nqdf883a6vhcpWBDEA

(Видео) Пронајден скопјанецот кој возеше по велосипедска патека во Бутел - полицијата го казни

Скопје | пред 39 минути

— реклама —
uapsen

Напади врз сопруги, деца и полицаец, приведени повеќе лица

Македонија | пред 3 часа

media-libraryfkg0fo0jp1uq8LEg4mR

МВР приведе 12 возачи за безобѕирно управување, седум возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 3 часа

media-libraryrhpb65f5dknm194Hqau

Тешко повреден 77-годишен пешак откако во него удри автомобил

Македонија | пред 4 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања