Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Прелиминарни резултати во Израел: Блокот на Нетанјаху води со 57 мандати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
netanjahu

Блокот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху освоил 57 пратенички места, наспроти 47 мандати за блокот против него, според прелиминарните резултати од парламентарните избори во Израел. Досега биле преброени гласовите од 41,9 отсто од избирачките кутии, а пребројувањето продолжува.

— реклама —

Арапските партии „Заедничка листа“ и РААМ заедно освоиле 16 мандати, покажуваат податоците на Централната изборна комисија. Резултатите сè уште не се конечни.

— реклама —

Нетанјаху, обраќајќи се во изборниот штаб на својата партија Ликуд во Ерусалим, изјави дека Израел има „историска и единствена можност“, заедно со американскиот претседател Доналд Трамп, конечно да ја отстрани иранската закана. Тој ги критикуваше партиите подготвени да соработуваат со арапските партии.

Трамп, пак, оцени дека неговата поддршка за Нетанјаху влијаела врз изборниот резултат, посочувајќи дека наместо очекуван убедлив пораз на премиерот, резултатите сега укажуваат на тесна трка.

— реклама —

Изборите забележаа и највисока излезност од 1999 година. До 22 часот гласале 77,7 отсто од избирачите, односно 5.695.682 граѓани. На изборите во 2022 година излезноста изнесувала 70,6 отсто.

На вонредните парламентарни избори се избираат 120 пратеници во Кнесетот, а право на глас имале околу 7,3 милиони регистрирани избирачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Неизвесна изборна трка во Израел: Нетанјаху и Ајзенкот без убедлива победа

Свет | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Излезноста во Израел достигна 55,7 отсто, поплавите го затворија патот кон Еилат

Свет | пред 16 часа

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Израел гласа: Ќе остане ли Нетанјаху на власт или ќе дојде до политичка промена?

Свет | пред 1 ден

netanjahu

Нетанјаху го промени официјалниот став на Израел за Фолкландските Острови, тврди „Телеграф“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања