Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пренџов: ВМРО-ДПМНЕ во преговорите со Бугарија ги штити македонската традиција и идентитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library8ger6jjedbvu2eP6nRV

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој дискутираше за внесувањето на Бугарите во Уставот со одложено дејство, и посочи дека државата ќе продолжи да се грижи за состојбите со Бугарија, но истовремено земајќи ги во предвид и потребите на државата.

„Наша должност е покрај тоа што имаме стабилен економски раст, три и пол пати поголем од тој којшто го имаа СДС, имаме 100% усогласена надворешна и безбедносна политика со Европската Унија, имаме законодавство коешто од сите кандидати е највисок степен усогласеност со Европската Унија, останува да се грижиме за состојбите коишто ги имаме со Бугарија, но истовремено треба да мислиме и на потребите на државата“, рече Пренџов и додаде:

— реклама —

„Кога се работи за Македонија, кога се работи за нашите предци и за нашите поколенија мора многу сериозно, многу стратешки и многу мудро да се размислува. Не велиме никогаш нема да има Бугари во Уставот, велиме кога Македонците ќе ги внесеме во Европска Унија тогаш и вие ќе влезете во нашиот Устав. Работиме на таа тема паралелно, ама немаме 1% раст каков што имаше владата на Заев, имаме 3,8% раст“.

Пренџов истакна дека владата на Заев оставила големи штети и покрај сите тогашни предупредувања, променето име, знаме, банкноти, и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги сочува македонската традиција и македонскиот идентитет.

— реклама —

— реклама —

„Тоа што го бара Бугарија не е ново, тоа што го бара Бугарија го бара 150 години и ниту еден претходно не го направил тоа коешто го направи двоецот Заев и Филипче. Ве молевме и ве предупредувавме дека ќе завршиме во ќор сокак, ве молевме и ве предупредувавме дека Македонецот доста му е од понижување, ве молевме и предупредувавме дека покрај сменето име, презиме, банкноти, 20 пати Устав сменето, знаме сменето, не сакаме повеќе да бидеме луѓе коишто ќе си ја наведнеме главата ќе молчиме, ќе бидеме научени да губиме а ништо да не добиваме. Ние сме нова политичка номенклатура, ние доаѓаме и ги држиме македонската традиција и македонскиот идентитет по секоја цена“, дециден е Пренџов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryvk217dv738irbHcTy1y

ВМРО-ДПМНЕ со реакција за бомбата во Бардовци: „Не е фрлена во домот на полицаецот, СДС нема докази, само шарена приказна и шпекулации“

Македонија | пред 51 минута

media-library4bbjdtshi0s6eoAlzGm

ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти хистеријата и паниката на Филипче и СДС кои ги бројат чешмите, водата во Гостивар е чиста и безбедна, а водоводниот систем е целосно исчистен

Македонија | пред 1 ден

media-librarykrmsu71nhq1e1uyp2zW

ВМРО-ДПМНЕ: „Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност“

Македонија | пред 2 дена

media-libraryn3d9jknnetnrd7h9bkq

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од јахтата на Заев од Егејот дава инструкции за ширење паника, СДС од политичка немоќ креира хаос и шири дезинформации

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања