Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

„Престанете да се преправате дека ЕЕС функционира совршено“: Шефот на европските аеродроми предупредува на хаос на аеродромите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Свет
media-libraryli4gnrsm1cgjcrNB0YW

Новиот дигитален систем за гранична контрола на Европската Унија создава сериозни проблеми на голем број европски аеродроми, предупреди шефот на европскиот оддел на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ), Штефан Шулте.

— реклама —

Станува збор за Системот за влез и излез (ЕЕС), кој почна да се применува во април годинава и предвидува патниците кои не се државјани на Европската Унија при влез во Шенген зоната да остават биометриски податоци, односно фотографија и отпечатоци од прсти.

Иако системот функционира без поголеми проблеми во дел од земјите, на бројни аеродроми веќе предизвикува долги редици, значителни доцнења и дури пропуштање на летови.

— реклама —

„Политичарите треба да престанат да се преправаат дека ЕЕС функционира совршено. Тоа не е така. Патниците чекаат со часови во редици во периодите на најголем сообраќај и не знам како ќе се справиме во наредните недели, кога се очекува дополнително зголемување на бројот на патници“, изјави Шулте.

— реклама —

Според него, неопходно е граничните служби да добијат поголема флексибилност и можност привремено да го суспендираат системот кога тоа е потребно, со цел да се избегне дополнителен хаос.

„Итно ни е потребна можност ЕЕС да биде привремено суспендиран кога околностите го наложуваат тоа, како и преиспитување на сегашните процедури. Станува збор за почит кон патниците кои избрале да патуваат во Европската Унија и за зачувување на угледот на Европа како добредојдена и ефикасна дестинација“, порача Шулте.

— реклама —

Европската комисија, во одредени околности, дозволува привремено суспендирање на системот ЕЕС најдоцна до септември годинава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryli4gnrsm1cgjcrNB0YW

ЕЕС системот носи ризик: Милиони туристи би можеле да ја избегнат Шенген-зоната

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
granica-srbija

Хаос на европските граници по воведувањето на ЕЕС

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања