Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Престанете сами да преговарате и да го криете предлогот, оти не е ниту на мајка ви, ниту на дедо ви државата“, вели Трајковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
25012022_PVRSMKovacevski_PVRB_Petkov_tet-a-tet-sredba

Најдобро е само да престанете сами да преговарате и да го криете предлогот/предлозите оти не ниту на мајка ви, ниту на дедо ви државата, а немате никаково право да зборувате и во мое име, а не па да се согласувате за било што, вели новинарката Жанета Трајкоска.

„Решението мора да биде врзано исклучително со крајот на пристапниот процес – по ратификацијата на пристапниот договор меѓу ЕУ и Македонија од сите субјекти (држави членки, ЕУ, Северна Македонија) – вклучувајќи го и евентуалното внесување на бугарско малцинство во Уставот; МОРА да спречи можност за нови блокади на преговорите од страна на Бугарија врз основа на нејзиното толкување на Договорот;.... Да има широка поддршка од јавноста и политичките субјекти...

— реклама —
КОН МАКЕДОНСКИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИ

Недозволиво е внесување механизам за следење или спроведување на Договорот во преговорите (преку Преговарачката рамка)

Бугарија мора да се обврзе дека нема дополнително да отвора нови прашања

— реклама —
Не смеат да се дозволат измени на предложениот текст на Преговарачката рамка во која стои македонскиот јазик, ниту какви и да е дополнителни појаснувања, изјави, итн.

Текстот на Пристапниот договор со ЕУ во однос на јазикот мора да биде идентичен како и за другите држави пристапнички.

Не смее да се прифати менување на Уставот како услов за почеток и текот на преговорите.

Барањата за правична застапеност и јазични права можат да произлегуваат единствено од пописот.

— реклама —

Секаква изјава со која Северна Македонија би го негирала постоењето на македонското национално малцинство во Бугарија би била спротивна на меѓународните принципи на правата на малцинствата и сериозно би го нарушила дигнитетот на државата.

Итно спроведување на пресудите на ЕСЧП за македонските организации во Бугарија би бил не само знак на добра волја од страна на Бугарија, туку и извршување на нејзини дамнешни меѓународни обврски.

Апсурдно е признавањето на бугарското малцинство во Уставот на Северна Македонија во услови кога Бугарија го негира постоењето на македонската нација и македонскиот јазик. Обидот бугарското барање за промена на Уставот да дојде преку Брисел е спротивен на принципите на ЕУ.

— реклама —

Да се спречи злоупотреба на историското минато за етнополитички цели... Антифашистичката димензија на споменичните обележја мора да се зачува, бидејќи е суштински дел од македонската државност.

Спречување на говорот на омраза од двете страни гарантирајќи ја слободата на изразување

Работата на историска комисија ослободена од диктат и без ограничување со рокови“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Инфлацијата во октомври изнесува 3,3 проценти, месечниот раст на цените е 0,4 отсто

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
1-5

Петти состанок годинава, повторно без резултати: Бугарија и Македонија без договор за заедничко одбележување на годишнината од смртта на Даме Груев

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryv1qb1uf6ma7pbOZBvBc

Нов судир на ставови меѓу Скопје и Софија: Бугарија не прифаќа посредник и бара уставни измени, а Македонија гаранции од ЕУ

Македонија | пред 1 седмица

EU-1

Македонија и уште пет земји од Западен Балкан се приближуваат до укинување на роамингот со ЕУ

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања