Промени тема
Контакт

„Пресудата е срамна, стоп за неказнивоста за убијците со возила“, најавен е протест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pravda-za-oli

За 18-те месеци затвор што ги доби возачот кој го прегази и усмрти битолчанецот Оливер Петровски, ќе има и протест. Семејството на загинатиот смета дека пресудата е срамна. Бара поддршка од сите, со цел да се изрази револт и да се побара правда. Протестот има мото „Стоп за неказнивоста за убијците со возила“.

— реклама —

„Имајќи ја во предвид срамната пресуда на судијката во Основниот суд Битола, Татјана Петровска, која убиецот на брат ми го казни со срамни 18 месеци затвор, за сообраќајката во која загина брат ми, а за која немаше никаква вина, ве повикувам сите заедно да излеземе на мирен протест во сабота, на 21-ви мај на Плоштадот Магнолија во Битола (кај споменикот на Филип Втори), во 12 часот, и да го изразиме нашиот револт со поворка до Основниот суд во Битола“, се вели во најавата за протестот.

— реклама —

Бојан Петровски, брат на загинатиот Оливер, посочува дека протестот е за да се побара правда и за сите убиени сообраќајки.

„Да побараме правда за Оли, но да побараме правда и за сите убиени во сообраќајки. бидејќи сведоци сме дека во последните неколку години, убијците во возила, згаснувајќи многу животи со своето бесно возење, поминуваат неказнето, или со прениски казни, изречени од страна на корумпираната судска власт во ‘нашата држава’“, вели Петровски.

— реклама —

Ова не е прв протест поради изречени судски казни за возачи кои усмртиле пешаци. Претходно, протест имаше и во Скопје пред Кривичниот суд по пресудата за сообраќајката кај „Сити мол“, каде младата Викторија Николова го изгуби животот, а Леонид Даов беше повреден. Во овој случај возачот доби казна од три години.

За прегазувањето на 25-годишниот битолчанец кој управувал електричен тротинет, обвинетиот 21-годишен возач на „Фолксваген туран“ добил казна затвор од 18 месеци. Несреќата се случи во месец јули 2020 година, а пресудата е донесена пред неколку денови. За семејството за трагично загинатиот Оли Петровски кој тргна, но не стигна на работа, казната е ниска. Неговиот брат Бојан Петровски посочи дека државата го убила Оли по вторпат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

Потона товарен брод кај бугарскиот брег, 11 морнари се водат како исчезнати

Балкан | пред 16 часа

— реклама —
media-library067df65ukbjb4AVFG31

Бугарија ќе го повика рускиот амбасадор по инцидентите со бродови кај нејзиниот брег

Свет | пред 20 часа

media-libraryisls4fucpevc8tHiIAJ

Убиен познатиот бугарски бизнисмен Илијан Филипов

Балкан | пред 1 седмица

Car_Samoil

Посмртните останки на цар Самоил, кои се откриени во Малото Преспанско Езеро, ќе бидат пренесени од Солун во Бугарија на 3 октомври

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања