Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Претрес во Кавадарци: Пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и 13 килограми месо од срндак

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library0dpdubtkqhv3euGiesP

Полицијата пронашла ловечка пушка, недозволени средства за лов и околу 13 килограми месо од срндак при претреси на имот и дом во Кавадарци. Лишен од слобода е 69-годишен кавадарчанец.

— реклама —

Од МВР информираат дека претресите биле извршени на 26 октомври, со судска наредба, во викенд-куќа и помошни простории на местото викано „Васов град“, во кавадаречко, како и во домот во кој живее лицето.

— реклама —
— реклама —

При претресот во викенд-куќата, 69-годишникот доброволно предал ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов – примки. На една од примките биле забележани остатоци од биолошки траги.

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното расчистување и документирање ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“, согласно членовите 228 и 396 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryih13c1opq9qb7UhBKlJ

18-годишник возел мопед без дозвола и направил сообраќајка

Македонија | пред 13 минути

— реклама —
media-librarytu6uoo4foi7a21ovh50

Син го нападнал татко му, па го бркал со автомобил

Македонија | пред 55 минути

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Подигнале кредит за стан, а потоа тој ѝ ги зел парите и прекинал контакт – скопјанец осомничен за измама од 1,5 милиони денари

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања