Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Обвинителството: Претреси на 32 локации во Скопје, се влегува и во службени простории на МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla
unsplash

Основното јавно обвинителство Скопје ја потврди денешната акција и соопшти дека се вршат претреси на 32 локации во Скопје, меѓу кои и службени простории во Министерството за внатрешни работи.

Претресите се вршат врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од ОЈО Скопје.

— реклама —

„Врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, денеска се вршат претреси на 32 локации во Скопје, на лица, домови и службени простории во МВР“, соопшти Обвинителството.

— реклама —

Паралелно со претресите се преземаат и други истражни дејствија за обезбедување докази

„Се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази поради сомненија за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик“, велат од ОЈО Скопје

— реклама —

„Скопје1“ претходно неофицијално објави дека МВР спроведува координирана акција поврзана со сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.

— реклама —

Од Обвинителството во оваа фаза официјално не прецизираат дека предметот се однесува на возачки дозволи, туку потврдуваат дека се постапува по сомнение за фалсификување исправа. Не е соопштено ниту дали досега има приведени или осомничени лица.

Акцијата е во тек.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysd2urj8q5tls9k9PJ7e

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена дека отворала лажни кредити и ги присвојувала парите на штедачите

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
ojo-1

Кој ќе го наследи Ислам Абази? Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydk5eflmuigni5sfbQOd

Водел нелегален пазар за украдени податоци, а на телефон му пронашле 29 видеа со сексуална злоупотреба на деца: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 4 седмици

ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања