Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Претреси во две здравствени установи во Скопје, приведени тројца осомничени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 49 минути -

Скопје
media-librarycnknba9drcl66ylKZAu
Скопје1.мк

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција спроведе претреси на пет локации во Скопје, меѓу кои и во две здравствени установи, во рамки на истрага за организирана криминална група осомничена за нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала.

— реклама —

Во акцијата се приведени три лица, меѓу кои двајца лекари.

— реклама —

Врз основа на обезбедените докази, јавен обвинител донел наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. Тројца од осомничените се гонат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека четвртото лице е осомничено за „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

По предлог на обвинителството, судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје на сите четворица осомничени им определил мерки на претпазливост.

— реклама —

Од Обвинителството информираат дека предметот е отворен во април годинава, кога беше поведена истражна постапка против 17 физички и шест правни лица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“.

— реклама —

Истрагата продолжува со цел целосно расчистување на случајот и утврдување дали во незаконските активности биле вклучени и други лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Дрска кражба на мобилен телефон, поведена постапка против сторителот

Македонија | пред 9 месеци

— реклама —
media-librarymqmp6g0rf7nc3xPkWLk

Постапки против дилери на марихуана во Велес и Скопје

Македонија | пред 9 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Романец осомничен за тешка кражба во Скопје

Скопје | пред 9 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Отворена истрага за четворица осомничени за бомбашкиот инцидент во Битола

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања