Претседателката Давкова да го искористи правото на вето за двојазичните лиценци изгласани од ДПМНЕ, бараат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
siljanovska-davkova-1-1

„Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова е на крстопат: дали ќе ја исполни својата уставна обврска и ќе го заштити правниот поредок или ќе го аминува грубото кршење на Деловникот и Уставот од страна на власта? Измените на Законот за заштита на децата, со кои се воведуваат двојазични лиценци во градинките, се донесени со флагрантно кршење на собраниските процедури преку ненадлежната Комисија за енергетика – чин што Претседателката, како поранешен пратеник, остро го осудуваше“, велат од Левица.

— реклама —

„Токму таа, која во минатото ги критикуваше ваквите погазувања на парламентарниот процес, сега е во позиција да го спречи нивното продолжување. Но, ќе остане ли доследна на своите зборови или ќе се претвори во уште еден нем претседател кој ги аминува штетните политики на власта? Потпишувањето на Указот ќе значи дека ги напушта своите предизборни ветувања, го погазува своето достоинство, професионални достигнувања и се приклучува на линијата на поранешниот претседател Пендаровски – симбол на поданички однос кон владејачките структури.

— реклама —

Воведувањето на двојазични лиценци е дел од пошироката стратегија за разградување на унитарноста на државата преку паралелни институции, поддржана од неуставниот закон за двојазичност. Претседателката, како професор по уставно право, одлично ги разбира опасностите од ваквите политики, но дали ќе има храброст да застане против нив? Нејзината одлука сега не е само прашање на потпис, туку тест на најзиниот интегритет и доследност.

— реклама —

Левица ја повикува Претседателката Сиљановска - Давкова да го искористи своето уставни право на суспензивно вето и да не го потпише Указот за прогласување на измените на Законот за заштита на децата, односно да го спречи воведувањето на двојазични лиценци!“, соопшти Левица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања