Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_6312

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, што се одржа во Вила Билјана во Охрид, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека во тридецениската историја на дипломатски односи, со заеднички напори, двете држави изградија динамични политички односи и солидно ниво на меѓусебна соработка во повеќе области, а како резултат на тие заеднички напори, нашата земја, денес, во Француската Република несомнено гледа голем пријател и искрен сојузник во процесот на нашите европски интеграции. Во таа насока, Претседателката изрази благодарност за француската континуирана поддршка којашто е особено зајакната во изминатите години, а која што ќе продолжи да претставува значаен поттик за наша силна посветеност во спроведувањето на реформите во земјата.

„Нашата земја заслужува да ги отпочне преговорите за пристапување во ЕУ без натамошно одложување. Подготвени сме да го преземеме својот дел од задачата за иднината на Европа, ширејќи ја нашата визија за отворен пристап кон европските партнери, заснован на определбата за пријателство, широка соработка, меѓусебно почитување и искрен пристап во односите. Тука, немаме сомнежи дека нашите француски пријатели безрезервно ќе ѝ помогнат на нашата држава да стане дел од европското семејство, чин што ќе отвори ново поглавје во нашата историја, ќе донесе нова енергија кај македонските институции и граѓани, ќе подигне нов бран на посветено себевложување за европската идеја“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

— реклама —

Претседателката Сиљановска Давкова ја нагласи нашата подготвеност за унапредување на билатералните односи и меѓусебната соработка во сите области од заемен интерес, особено за интензивирање на економските односи меѓу двете земји.

Амбасадорот Ле Риголер, во своето обраќање на церемонијата, истакна дека неговата мисија во нашата држава е со двојно значење, да обезбеди континуитет во поддршката на Франција за нашиот европски пат и реформскиот процес, како и за унапредување на човечките и културните односи кои ги обединуваат двата народа. Во насока на продлабочување на билатералните односи, амбасадорот Ле Риголер истакна дека се значајни интензивирањето на политичките размени и спроведувањето на конкретни и структурни економски проекти кои се корисни за целокупното македонско население.

— реклама —

Нагласувајќи дека Франција безусловно го поддржува политичкиот процес за европска интеграција на земјите од Западниот Балкан, а особено на нашата земја, амбасадорот Ле Риголер рече дека овој европски пат е заедничка обврска, колективна неопходност и заедничка судбина.

— реклама —

„Нашата поддршка не е само политичка. Таа поддршка е и практична, која сè повеќе се зајакнува, за да се помогне во реформскиот процес кој е во тек. Спремни сме да го споделиме нашето искуство и нашата експертиза насекаде како тоа би ви било корисно“, истакна амбасадорот Ле Риголер.

Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорот Кристоф Ле Риголер му посака успех во извршувањето на одговорната функција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytb4hhas23vrd1fWqWFp

Сиљановска од Прилеп: Театарот останува место каде човекот доброволно се соочува со вистината

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhbp6csn8ibsm2VK7ShM

Сиљановска-Давкова и Раши во Братислава: Словачка ја потврди поддршката за македонските евроинтеграции

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhlqseqcc0e156FpSMbX

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, ќе се сретне со словенечкиот државен врв

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjqldpuiku9m41nKT9G9

Сиљановска на отворањето на Народната канцеларија: Ова е почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања