Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Претседателката Сиљановска Давкова прими делегација на Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија - МАКЕДОН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4783

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими делегација од Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија - МАКЕДОН, сочинета од Александар Јаневски, претседател на сојузот, Лилјана Затуровска и Трајче Димков, потпретседатели на сојузот и Трајче Карапетров од тетовското Здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.

На средбата, која се одржува во пресрет на традиционалното одбележување на 75-годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76-годишнината од насилното прогонство на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, делегацијата од МАКЕДОН информираше за подготовките на настанот, како и за одржувањето на годишното Собрание на кое се очекува да се донесат одлуки за прием на здруженија во Сојузот, за избор на членови на Претседателството на Сојузот и годишна програма за работа.

— реклама —
— реклама —

Претседателката Сиљановска Давкова, изразувајќи ја својата поддршка за работата и активностите на Сојузот на Здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН, нагласи дека судбината и трагедијата на 30.000 деца бегалци и нивната голгота не смее да се сокрива и релативизира. Претседателката упати порака дека почитувањето и знаењето на минатото дава голем простор за пријателска иднина кон која се стремиме за доброто на сите на Балканот и во Европа.

— реклама —

Соговорниците на средбата изразија очекување дека одбележувањето на двата трагични настани, кое ќе се одржи на 30 јуни 2024 година, недела, пред Споменикот на децата бегалци во Парк Жена-Борец во Скопје, ќе помине достојно бидејќи со почитување на судбината и трагедијата на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, ја почитуваме и трагедијата на недолжните деца ширум светот - жртви на војните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytb4hhas23vrd1fWqWFp

Сиљановска од Прилеп: Театарот останува место каде човекот доброволно се соочува со вистината

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhbp6csn8ibsm2VK7ShM

Сиљановска-Давкова и Раши во Братислава: Словачка ја потврди поддршката за македонските евроинтеграции

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhlqseqcc0e156FpSMbX

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, ќе се сретне со словенечкиот државен врв

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryjqldpuiku9m41nKT9G9

Сиљановска на отворањето на Народната канцеларија: Ова е почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања