Промени тема
Контакт

Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Центарот за обука на вода во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4989

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во придружба на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска ги посети припадниците на Армијата од Баталјонот на специјални сили, кои изведуваат обука во Центарот за обука на вода во Охрид.

— реклама —

Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска Давкова беше брифирана за капацитетите на Баталјонот на специјални сили, како и за обученоста и способностите на припадниците на единицата презентирани преку показни вежби за изведување на операции на вода и приказ на боречки вештини.

— реклама —

Припадниците од Баталјонот на специјални сили, преку методско-показна вежба прикажаа постапки кои се дел од специјални операции во ситуација на заложничка криза на пловен објект, а во вежбата беше вклучен и хеликоптер МИ-8/17 од воздухопловниот ВИНГ на Армијата. Припадниците на единицата „Волци“ изведоа кратка показна вежба, на која презентираа дел од боречките вештини.

— реклама —

Претседателката упати честитки за успешно реализираните вежби, посочувајќи дека високиот степен на обученост за извршување на сложени задачи, што денеска гo демонстрираа припадниците на Баталјонот на специјални сили, како и оспособеноста во боречките вештини, ја потврдува професионалноста, посветеноста и исполнителноста на нашата армија, којашто достојно и дисциплинирано ги исполнува задачите согласно НАТО стандардите. Таа посочи дека ова е уште еден доказ зошто Армијата има заслужено високи оценки и ужива најголема доверба кај граѓаните.

— реклама —

Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова порача дека во Армијата, како столб на националната и колективната безбедност, е неопходно да продолжиме да вложуваме во натамошна модернизација и во едукација на армиските припадници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytb4hhas23vrd1fWqWFp

Сиљановска од Прилеп: Театарот останува место каде човекот доброволно се соочува со вистината

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
media-libraryhbp6csn8ibsm2VK7ShM

Сиљановска-Давкова и Раши во Братислава: Словачка ја потврди поддршката за македонските евроинтеграции

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhlqseqcc0e156FpSMbX

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, ќе се сретне со словенечкиот државен врв

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryjqldpuiku9m41nKT9G9

Сиљановска на отворањето на Народната канцеларија: Ова е почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања