Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Претседателката Сиљановска со честитка по повод Националниот ден на Власите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4069

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката заедница.

— реклама —

,,Дозволете ми да ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите. На овој празник се потсетуваме на прифаќање на вистината дека Власите се посебен народ, со сопствен јазик, автентична култура и многувековно постоење на овие простори.

— реклама —

Живеејќи омеѓени во неколку балкански држави, за Власите се вели дека се народ со многу татковини. А сепак, само во нашата заедничка македонска татковина, Власите се уставно признати и општествено ценети. Тоа се должи на македонската традиција на соживот и на почитување на достоинството на различноста, но и на влогот на Власите во борбата за слободна македонска држава. Пред 80 години, Власите рамноправно учествуваа и во формирањето на асномска Македонија.

И покрај предизвиците во образованието, претставниците на влашката заедница континуирано придонесуваат во секоја општествена сфера. Затоа, државата мора да ги отстрани и последните пречки за нашите сограѓани, Власи, да можат без никаков проблем да го остваруваат основното човеково право на образование.

— реклама —

Јазикот е најцврста врска меѓу предците и потомците, со кој се пренесува неповторливото искуство и уникатната перцепција што народот го има за реалноста. Оттука, влашкиот јазик е дел не само од македонското, туку и од европското културно богатство. Затоа, потребна е одлучна акција за зачувување и за промовирање на влашкиот јазик, идентитет и култура, особено во образовниот систем и неговото користење во приватниот и јавниот живот, во духот на европските вредности.

— реклама —

Со такво уверување, на сите припадници на влашката заедница им го честитам големиот празник – 23 Мај.”

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytb4hhas23vrd1fWqWFp

Сиљановска од Прилеп: Театарот останува место каде човекот доброволно се соочува со вистината

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryhbp6csn8ibsm2VK7ShM

Сиљановска-Давкова и Раши во Братислава: Словачка ја потврди поддршката за македонските евроинтеграции

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhlqseqcc0e156FpSMbX

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, ќе се сретне со словенечкиот државен врв

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjqldpuiku9m41nKT9G9

Сиљановска на отворањето на Народната канцеларија: Ова е почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања