Претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев, поднесе оставка откако Управниот суд донесе пресуда дека неговата претходничка, Весна Дамева, била незаконски разрешена. Заменик-претседателот на Советот, Ханиф Зендели предложи да се гласа за разрешувањето на Георгиев, па да се постапи по одлуката на Управниот суд. Оставката му беше прифатена. Георгиев посочи дал многу од себе, а советот функционирал. Смета дека неговиот избор не е нелегитимен, а Управен само поништил избор на претходната претседателка.
„Доставив писмено барање за оставка. Тоа е повод за оваа седница. Во кратки црти, по разрешувањето на Дамева, на наредна седница за избор на претседател бев предложен од колегите и избран. Знаете сите дека бев во дилема дали да ја прифатам оваа функција, бидејќи тогаш, Судски совет беше во специфична ситуација со нарушени меѓучовечки односи. Тоа беше тежок период за советот. За овој период од мај до денеска, за краток период сите заедно успеавме да избереме 30 судии и академци, а потоа избравме и судии во Апелација, ја зголемивме и транспарентноста. Од лични и принципиелни причини ја донесов оваа одлука“, кажа Георгиев.
Тој пред колегите кажа дека немал притисоци, а ниту некој влијаел на него.
„Тоа го истакнувам најодговорно, истакнувам ии дека совесно и професионално го претставував Советот и работев за него“, додава Георгиев.
Втора точка на дневниот ред е дискусија и постапување по пресудата од Управен суд за враќање на Дамева.
[Објавена пресудата] Судски не образложил зошто ја разрешува Дамева, ниту законски ја спровел постапката
Управниот суд ја објави пресудата со која Весна Дамева се враќа на претседателската функција во Судскиот совет. Според Управен: „Оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот најде дека истата е незаконита поради повреда на правилата на постапката, односно од причина што оспорената Одлуката содржи такви суштествени недостатоци што ја спречуваат оцената на законитоста на актот“.Тие посочуваат дека незаконски се спроведени правилата на постапката.„Видно од списите на предметот, тужениот орган со оспорената Одлука го разрешува сега тужителот од функцијата претседател на С. с. на Република С.М., со тоа што се определува дека оваа Одлука влегува во сила со денот надонесувањето на 04.05.2023 година. Во образложение на Одлуката е наведено дека Советот на 441-седница одржана на ден 04.05.2023 година расправал по прашањето за доверба на претседателот на С. с. на Република С.М. и сомнозинство на гласови на членовите со право на глас изгласал недоверба на сега тужителот, претседател на С. с. на Република С.М., a по изгласаната недоверба, по предлогот за разрешување од функцијата претседател на С. с. на Република С.М. со 9 гласа „за“ и 3 „против“ од присутните членови со право на глас била донесена одлука со која сега тужителот се разрешува од функцијата претседател на С. с. на Република С.М.. Одлуката е донесена врз основа на член 38 од Законот за Судскиот совет на Република С.М. ( Сл.весник на РСМ бр.102/19). Оценувајќи ја законитоста на оспорената Одлука, Судот најде дека истата е незаконита поради повреда на правилата на постапката, односно од причина што оспорената Одлуката содржи такви суштествени недостатоци што ја спречуваат оцената на законитоста на актот“, стои во пресудата.Наоѓаат за недостаток што и образложението е нецелосно.„Во конкретниот случај, Судот најде дека образложението на оспорената Одлука е нејасно, односно тужениот орган во истата не дал никакви образложени причини поради кои го разрешува од функција сега тужителот, не ги навел доказите врз основа на кои е утврдена фактичката состојба, посебно ниту утврдените факти, кои што согласно утврдената фактичка состојба упатуваат на донесување на онаква Одлука како што е дадена во диспозитивот на истата. Имено, во образложението на оспорената Одлука, тужениот орган само навел дека со мнозинство на гласови на членовите со право на глас била изгласана недоверба на сега тужителот како претседател на С. с., по што и била донесена Одлуката за разрешување со мнозинство гласови од присутните членови со право на глас. Во истото не се наведени ниту причините поради кои барањата, предлозите и тврдењата од сега тужителот не биле земени во предвид, ниту се наведени законски одредби, по кои била спроведена постапката која претходела на донесувањето на оспорената Одлука, со оглед на тоа дека истиот само се повикува на член 38 од Законот за Судскиот совет на Република С.М., со која законска одредба само се регулира работата на седници на Совет., се додава во пресудата.Пресудата е правосилна од утре.Повеќе:Пресудата:[pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/01/618-23.pdf"]
Македонија | пред 2 години