Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Претседателот на Владата Мицкоски потпиша меморандум за соработка и разбирање со ЗЕЛС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
13082024-Mickoski-ZELS-10

Денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски потпиша меморандум за соработка и разбирање со ЗЕЛС (Здружение на општини Заедница на едниците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија). Овој меморандум за соработка се склучува како израз на соработка, претставува дефиниција на формите и начините на идната соработка, ги утврдува приоритетите и идните проекции на развојот на системот на локалната самоуправа во Републиката.

— реклама —

Владата и ЗЕЛС заеднички декларираат дека се согласни да спроведат поголем обем на децентрализација на власта како политички процес кој правно ќе заврши со пренесување на голем опфат на надлежности од државните органи на управата во надлежност на единиците на локалната самоуправа. Заради остварување на целите на соработката, двете страни се согласни да изготвуваат годишна програма на приоритетни активности кои ќе бидат цел за реализација во тековната година.

— реклама —

Реализацијата на целите и заложбите утврдени со овој меморандум ќе се спроведува преку формирање на работни тела или мешовити Комисии во кои покрај избрани претставници и функционери учество ќе земат и претставници од стручната администрација и надворешни експерти.

Двете страни ќе го применат моделот на анализа и имплементирање на меѓународни позитивни пракси на докажано успешно функционирање на системот на локална самоуправа во дадената област. Двете страни се согласни дека процесот на децентрализација треба да биде приоритетно проследен со обезбедување на зголемен обем на директни дотации и изворни приходи на секоја единица на локалната самоуправа. Моделот на обезбедување на финансиски средства како приход за општините преку утврдениот процент од прибраните средства по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) и персоналниот данок на доход ќе биде предмет на взаемно усогласување во постојан нагорен тренд на утврдениот процент наменет за локалната самоуправа. Двете страни се согласуваат дека секоја година треба да се организираат буџетски преговори, помеѓу ЗЕЛС и министерство за финансии, каде ќе се усогласат ставовите, потребите и можностите на централната и локалната власт.

— реклама —

Двете страни се согласни дека средствата наменети за капитални инвестиции треба да бидат изворни трансфери на средства со соодветна намена. И Владата и ЗЕЛС се согласни дека нити еден од прописите од областа на урбанистичкото планирање, градење или градежното земјиште нема да биде изменет и дополнет или изготвување на нов текст на предлог – закон или друг пропис без претходна консултација со ЗЕЛС.

— реклама —

Двете страни го афирмираат ставот дека донесувањето на урбанистички планови и урбанистичко – планска документација е услов за остварување на проектираниот развој, заради што двете страни ќе го стават ова прашање како највисок приоритет. И Владата и ЗЕЛС се согласни да воспостават пракса на одржување на заеднички седници на Владата и Управниот одбор на ЗЕЛС на која ќе се изврши консултација за прогресот, тековните приоритетни прашања и анализа на проблемите со кои се соочуваат општините во Републиката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања