Промени тема
Контакт

Презентиран планот за противпожарна заштита на Охрид и Дебрца пред стручна австриска делегација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
Pozarnikari-volonteri05172015001-1

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.

— реклама —

На средбата присуствуваа претставници на Противпожарната единица од Охрид при што беше извршена Презентација на Планот за противпожарна заштита на Општина Охрид и Дебрца.

Во рамки на презентацијата беше опфатено подрачјето на делување на противнпожарната единица, противпожарната опрема и капацитетите на возниот парк, како и кадровските потенцијали за делување на терен. Во дискусијата беше потенцирано дека во Општина Охрид има неколку критични точки за делување, а тоа е Стариот град, Централното градско подрачје и крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот кон Свети Наум.

— реклама —

Беше потенцирано дека Противпожарната служба со 39 вработени, во текот на 2023, 2024 и 2025 година имала вкупно 1280 интевенции од различен карактер и дека има потреба од дополителни кадровски потенцијали особено во периодот на летните месеци.

— реклама —

Во тој контекст беше потецирана и потребата од активна волонтерска служба за противпожарна заштита, која треба да биде соодветно опремена за делување при поголеми пожари во Охридскиот регион. Стана збор и за доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ кое брои 25 лица и веќе активно делува во Охрид.

Беше разговарано и за донацијата на едно противпожарно возило која е веќе обезбедена за ова противпожарно друштво, како и за можни идни проекти за дополнителна опрема и обуки за волонтерската единица преку Канцеларијата на државните власти од Тирол, Австрија во соработка со Општина Охрид.

— реклама —

Градоначалникот изрази големо задоволство од посетата на австриската делегација, со надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања