Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Приватните автобуси „фатени“ на црвено поради должината и метежот, превозниците бараат да бидат „посебна категорија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
0382090A-0539-4F2A-BBB6-9641D92671DA_1_105_c

Дел од приватните превозници реагираат дека системот „Сејф сити“ неправедно ги санкционира автобусите, без да ги земе предвид специфичните услови во кои тие сообраќаат низ градот. Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници во Град Скопје, за „Сител“ вели дека проблемот најчесто се јавува во услови на густ сообраќај и отсуство на посебни жолти ленти, кога долгите автобуси влегуваат на раскрсница на трепкаво зелено светло, но поради должината не успеваат целосно да ја поминат пред да се вклучи црвеното.

Во такви случаи, како што посочува Зафировски, камерите автоматски го регистрираат поминувањето како прекршок за црвено светло, по што следуваат високи парични казни и одземање на возачката дозвола.

— реклама —

Превозниците предупредуваат дека ваквите санкции може да предизвикаат сериозни последици за јавниот превоз, бидејќи немаат доволен број возачи за замена, а поголем број изречени забрани за управување би можеле да доведат до паркирање на автобусите и нарушување на редовниот сообраќај.

— реклама —

Тие бараат автобусите да бидат третирани како посебна категорија со поголема толеранција во рамки на системот „Сејф сити“, а како можност за надминување на проблемот предлагаат и поврзување на ГПС-системите во автобусите со семафорите, со што би се овозможило нивно вклучување во „паметниот“ зелен бран и избегнување на ваквите ситуации.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4r8kktsb4rc1dskw4nl

Избран понудувач за 150 електрични автобуси – Унгарски „Икарус“ и австриска ЕВН со најниска цена

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library7o8copoi1fvu0lanwZp

Скопје добива градски воз и нови автобуси од септември

Македонија | пред 1 месец

media-library4r8kktsb4rc1dskw4nl

Објавен повик за набавка на 150 електрични автобуси - министерството за транспорт ги објави деталите

Македонија | пред 2 месеци

avtobus-jsp-2

ЈСП има 341 автобус, а исправни се 185: катастрофална е состојбата, има и драматичен пад на патници

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања