Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Приведени 16 возачи за едно деноноќие: Дел пијани, дел без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Вкупно 16 возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Од приведените, 11 лица управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, четворица биле затекнати под дејство на алкохол, додека едно лице управувало возило под дејство на алкохол и покрај тоа што имало активна забрана за управување.

Возачи без возачка дозвола биле откриени во Скопје, Куманово, Гостивар, Кривогаштани и Кочани, а во Виница и Кочани биле затекнати лица кои управувале мопеди без соодветна дозвола.

— реклама —

Меѓу најсериозните случаи е возач од Општина Дебарца кај кого биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта. Тој предизвикал и сообраќајна незгода, удирајќи во бетонска жардињера. Кај мотоциклист од Кавадарци биле измерени 2,03 промили алкохол, а кај возач на мопед од Кочани 1,88 промили.

— реклама —

Особено загрижува случајот со возач од Прилеп, кај кого биле измерени дури 2,45 промили алкохол во крвта, а дополнително било утврдено дека имал активна забрана за управување со моторно возило.

Од МВР соопштија дека по целосното документирање на случаите против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Министерството упати апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила без возачка дозвола, под дејство на алкохол или во период кога имаат изречена забрана за управување, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 11 час

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 11 час

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 11 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања