Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Приведени 23 лица по судирите со полицијата во Белград, Дачиќ тврди: „Не нападнавме никого“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-library1le8ldr222e7bbwHWs5
Принтскрин / Х

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, вечерва изјави дека 23 лица се приведени поради напади врз полицајци за време на инцидентите што избувнаа по студентскиот протест во центарот на Белград, јави Н1.рс.

— реклама —

По завршувањето на масовниот собир организиран од студентите, кој се одржа од 18 до 20 часот и на кој присуствуваа стотици илјади граѓани, во центарот на српската престолнина дојде до судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата.

Според Дачиќ, инцидентите започнале помеѓу 20:20 и 20:30 часот на неколку локации.

— реклама —

„Имаше напад од екстремниот дел од демонстрантите врз полицијата“, изјави министерот.

— реклама —

Тој прикажа видео-снимка и тврдеше дека полицијата не нападнала никого, туку реагирала откако била нападната.

Дачиќ ги осуди нападите врз полицајците, наведувајќи дека тие биле гаѓани со пиротехнички средства, камења, шишиња, па дури и со капаци од шахти.

— реклама —

Според него, дел од напаѓачите биле маскирани со шалови и маици.

„Полицијата ги потисна со минимална употреба на сила“, рече Дачиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-10-01-at-09.41.58

Вучиќ: „Можеби наскоро ќе поднесам оставка“

Свет | пред 4 седмици

— реклама —
media-library45k63efl2vh68tt1eBo

Протестот во Белград покажа дека енергијата не стивнува, но политичката артикулација сè уште недостига

Свет | пред 4 седмици

media-librarykk87jufjnacg6ddDZ4G

(Видео) Немири, судири со полицијата и апсења по протестот во Белград

Свет | пред 4 седмици

media-library4h7pibm4d8v191jH8lV

(Видео) „Весела“ математика: МВР изброи 34.300, а Архивот за јавни собири над 100.000 граѓани на протестот во Белград

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања