Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

(Видео) Немири, судири со полицијата и апсења по протестот во Белград

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 13 часа -

Свет
media-librarykk87jufjnacg6ddDZ4G

Тензично заврши масовниот антивладин протест во Белград, откако по официјалниот крај на собирот дојде до судири меѓу демонстранти и српската полиција во близина на парламентот и Пионирскиот парк.

Според српските медиуми и очевидци, биле фрлани бакљи, шишиња и пиротехнички средства, а интервенирала и Жандармеријата, која ги оттурнувала демонстрантите и воспоставила полициски кордони во центарот на градот. Досега се приведени 23 лица.

— реклама —

Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, изјави дека протестот првично поминал мирно и дека според полициските проценки, на собирот присуствувале околу 34.300 граѓани. Тој рече дека полицијата го следела протестот уште од утринските часови и дека работи на идентификување на лицата вмешани во инцидентите.

— реклама —
— реклама —

Српскиот претседател Александар Вучиќ по немирите порача дека државата нема да дозволи насилство и најави реакција против сите кои нападнале полицајци и предизвикале инциденти. Во своите први реакции, власта оцени дека протестите имаат политичка заднина, додека демонстрантите бараат предвремени избори и одговорност за корупцијата во земјата.



Протестот, организиран од студентското движење под слоганот „Студентите победуваат“, важи за еден од најмасовните собири против власта во Србија во последните месеци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2023-10-01-at-09.41.58

Вучиќ: „Можеби наскоро ќе поднесам оставка“

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-library45k63efl2vh68tt1eBo

Протестот во Белград покажа дека енергијата не стивнува, но политичката артикулација сè уште недостига

Свет | пред 3 часа

media-library1le8ldr222e7bbwHWs5

Приведени 23 лица по судирите со полицијата во Белград, Дачиќ тврди: „Не нападнавме никого“

Свет | пред 12 часа

media-library4h7pibm4d8v191jH8lV

(Видео) „Весела“ математика: МВР изброи 34.300, а Архивот за јавни собири над 100.000 граѓани на протестот во Белград

Свет | пред 15 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања