Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Приведени двајца дилери со 100 грама кокаин кај Валандово – одреден притвор од 30 дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
2-2

Полицијата уапси двајца мажи од Прилеп и Кавадарци откако при контрола на возило кај Валандово кај едниот бил пронајден кокаин од околу 100 грама. СВР Струмица поднесе кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги“, а судот во Гевгелија им одреди мерка притвор од по 30 дена.

— реклама —

-СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против А.К.(27) од Кавадарци, со престој во Прилеп и против С.Р.(30) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот закон.

— реклама —

На 02.09.2025 на крстосница Валандово-село Чалакли, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово извршиле претрес на патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки и на лицата кои го управувал С.Р., а сопатник бил А.К., при што кај А.К. била пронајдена бела грутчеста материја.

Лицата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, каде во службен разговор А.К. признал дека белата грутчеста материја пронајдена кај него е кокаин со тежина од околу 100 грама.

Во врска со настанот, во текот на вчерашниот ден биле извршени претреси и на неколку локации на подрачјето на Прилеп, при што биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело.

А.К. и С.Р. биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој им определил мерка притвор во траење од по 30 дена, информира МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања