Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Приведени двајца криумчари на мигранти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
migranti_kola

Вчера во 21.10 и 21.30 часот во близина на село Костурник, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода И.Н.(32) од с.Крушопек, скопско и Г.П.(50) од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Претходно, околу 19.15 часот во близина на с.Табановце, кумановско, на автопатот „Пријателство“, полициски службеници ги забележале лицата како во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Н., а Г.П. бил сопатник, сместуваат три женски лица мигранти од Непал. Притоа, тие не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници, а откако биле употребени средства за присилно запирање на возилото го напуштиле возилото. Веднаш потоа мигрантите биле пронајдени и биле сместени во Транзитниот центар Табановце, а по преземени мерки биле пронајдени и лишени од слобода и ИН. и Г.П..

— реклама —

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен надлежен јавен обвинител. По извршени проверки било утврдено дека И.Н. бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот каде што издржувал шестгодишна затворска казна за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 Б од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

policija-policaec

За едно деноноќие приведени 24 возачи, меѓу нив четворица малолетници без дозвола

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-librarydh7mp4f2m0go8R7JAMn

Старец ограбен во Центар, а скопјанка била агресивна со полицајци во станица

Скопје | пред 5 часа

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-7590PM

Маж од Кочани е пронадејн мртов, две недели се водеше како исчезнат

Македонија | пред 5 часа

media-librarydg5sslf42ormbF8tUC3

31-годишник физички нападнал двегодишно дете во Скопје, полицијата го приведе

Скопје | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања