Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Приведени седум лица, запленети марихуана, прашкаста материја и нож

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

Седум лица биле лишени од слобода во Скопје, Струга и Тетово во текот на изминатото деноноќие, откако при полициски контроли кај нив била пронајдена дрога, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во Скопје, на 30 јуни и 1 јули, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации ги привеле Е.А. (41), С.Б. (21), А.Р. (28), А.Б. (22) и 47-годишната Н.Б., сите од Скопје. При извршените прегледи кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, прашкаста материја, марихуана, како и нож.

— реклама —

Во Струга, на 30 јуни околу 13:35 часот, на улицата „Петар Ѓончески Гиле“, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го привеле Л.А. (49) од Струга, кај кого при преглед била пронајдена кафеава прашкаста материја.

— реклама —

Истиот ден, околу 15:30 часот, на местото викано „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода З.Д. (27) од селото Бозовце, откако кај него била пронајдена марихуана.

— реклама —

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library8lo66qulm8b682310XL

Ја принудувал вонбрачната партнерка на полови дејствија и ја тепал

Македонија | пред 5 часа

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

Осум возачи приведени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 5 часа

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

Со остар предмет го нападнал сопствениот брат, кривична пријава за 69-годишник

Македонија | пред 5 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања