Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Признанието на ВЛЕН дека се „страшно слаби“ во Владата е аларм за секој Албанец“, вели ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска преку соопштение упатија критики до коалицијата ВЛЕН, оценувајќи дека нивното јавно признание оти се „страшно слаби“ во Владата претставува доказ за политички неуспех.

— реклама —

Во соопштението ДУИ тврди дека политичката и институционалната положба на Албанците во државата се влошува, наведувајќи дека се намалува застапеноста во институциите и дека, според партијата, се доведуваат во прашање претходно стекнати права.

— реклама —

Од ДУИ оценуваат дека ВЛЕН не може да ја оправдува својата, како што велат, неспособност со влијанието на ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат зошто остануваат дел од Владата доколку сметаат дека немаат доволно политичко влијание.

Партијата воедно повикува на институционален одговор за, како што наведува, сè почестите обвинувања дека економското влијание, бизнисите и јавните зделки во Скопје и пошироко се концентрираат околу тесен семеен и политички круг на Изет Меџити.

— реклама —

За овие тврдења не се приложени докази, а Изет Меџити и коалицијата ВЛЕН засега не се произнесоа по наводите изнесени во соопштението.

— реклама —

Од ДУИ порачуваат дека на Албанците им е потребно политичко претставување кое, според нив, ќе ги штити нивните интереси, достоинство и еднаквост.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања