Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Пробиотиците можат да помогнат во ублажувањето на депресијата и анксиозноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
media-librarynubi7788isrt36Qtye8
Photo by Daily Nouri on Unsplash

Секојдневното внесување пробиотици би можело да придонесе не само за подобро варење, туку и за подобрување на менталното здравје, покажува ново истражување објавено во списанието „Journal of the American Geriatrics Society“.

Научниците испитувале дали пробиотиците, познати како „добри бактерии“, можат да ја надополнат стандардната терапија со антидепресиви кај лица кои се соочуваат со депресија.

— реклама —

Резултатите покажале дека постарите лица кои, покрај редовната терапија, користеле и пробиотици, имале поголемо намалување на симптомите на депресија и анксиозност во споредба со испитаниците кои примале плацебо.

— реклама —

Истражувањето било спроведено во Индија и опфатило 58 лица постари од 60 години со умерена депресија. Сите учесници продолжиле да ги земаат своите вообичаени антидепресиви, додека дел од нив дополнително добивале пробиотски додаток во исхраната во период од 12 недели.

Покрај следењето на психолошката состојба на учесниците, научниците анализирале и биолошки показатели, вклучително и мозочен протеин важен за развојот и одржувањето на нервните клетки, како и составот на цревната микрофлора.

— реклама —

Иако кај групата што користела пробиотици биле забележани подобрувања, истражувачите нагласуваат дека тие не се замена за стандардната терапија и дека треба да се гледаат како дополнителна можност во третманот.

Експертите предупредуваат дека пациентите не треба самостојно да ги прекинуваат лековите и да се потпираат исклучиво на пробиотици, бидејќи нивната ефикасност сè уште треба да биде потврдена во поголеми клинички испитувања.

Научниот тим оценува дека резултатите се охрабрувачки и најавува нови, пообемни истражувања за подобро разбирање на врската меѓу здравјето на цревата и менталното здравје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3unmusk0p3mk1fAaIW6

Повеќе чекори, подобра концентрација? Научниците открија интересна поврзаност

Вирално | пред 5 дена

— реклама —
media-librarysd5h61289eaj1MsMsDL

Нутриционистките откриваат кој леб е најдобар за организмот

Вирално | пред 1 седмица

media-library8od0sru5oktoc53nMMh

Биолошката возраст на срцето се менува по трансплантација, покажува ново истражување

Вирално | пред 1 седмица

media-libraryh41uae1kk0jlcnVD7Kr

Нутриционистки издвојуваат еден напиток кој е добар избор пред спиење

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања