„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Продлабочување на соработката меѓу Македонија и Естонија во полето на геологијата и рударството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
foto-3

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Геолошкиот завод беа домаќини на работен состанок со делегација од Естонија, составена од истакнати експерти во геолошката и рударската област. Состанокот беше посветен на размена на идеи и иницијативи за продлабочување на соработката во полето на геологијата и рударството и за споделување добри практики во регулирањето и развојот на овие сектори, со акцент на зајакнување на правната рамка и институционалната размена на знаења.

— реклама —

Во своето обраќање, министерката Сања Божиновска истакна дека Македонија е решена да ја унапредува својата регулаторна рамка и практики во рударството и геологијата, со цел исполнување на највисоките европски стандарди и одржлив развој на индустријата.

„Наш приоритет е да изградиме отпорен и одржлив рударски сектор, кој е усогласен со нашите еколошки и економски цели“, рече министерката Божиновска.

— реклама —

Претставникот на естонската делегација, Г-ѓа Sirli Sipp Kulli, Директор на Геолошкиот завод во Естонија изрази воодушевување од македонската регулаторна рамка во оваа област и додаде: „Навистина сме импресионирани од силната правна рамка која Македонија ја има воспоставено во овој сектор. Се надеваме дека ќе ги искористиме вашите искуства за подобрување на нашето законодавство во областа на геологијата и рударството.“ Таа, исто така, и честиташе на министерката за тимот на извонредни експерти во Министерството, нагласувајќи дека нивната професионалност и посветеност се примери кои заслужуваат почит.

Министерката Божиновска се заблагодари на посетата и на можноста за размена на знаења и искуства, нагласувајќи ја посветеноста на Македонија кон развој на геолошката и рударската индустрија со одговорен и одржлив пристап. Во своето обраќање пред гостите, таа додаде:

„Соработката и споделувањето на експертиза и најдобри практики ни помагаат да ги постигнеме нашите цели и да придонесеме кон економскиот раст и развој на нашата земја“, истакнувајќи дека очекува оваа соработка да прерасне во континуирана размена на знаења и искуства во иднина.

На работниот состанок освен претставници на Министерството и Геолошкиот завод, присутни беа и претставници на Државен инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, Македонско Геолошко Друштво и претставници на Универзитет Гоце Делчев Штип – Факултет за природни и технички науки.

Естонската делегација, во рамките на својата посета, изврши теренска обиколка на рудникот „Боров Дол“, каде што беа запознаени со активностите и инфраструктурата на локацијата. Овој значаен објект претставува пример за успешна интеграција на одржливо рударство и заштита на животната средина, овозможувајќи им на гостите да се запознаат со тековните еколошки практики кои ги спроведува Македонија во рударскиот сектор.

За време на посетата, двете делегации разговараа и за можностите за заеднички проекти во областа на геолошките истражувања, развој на нови технологии во рударството и иницијативи за заштита на животната средина. Тие изразија заедничка подготвеност за продолжување на соработката и за размена на знаења и ресурси, со цел унапредување на оваа стратешка област за двете земји.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува отворено за нови иницијативи и соработки кои ќе овозможат дополнително зајакнување на секторот за геологија и рударство, со придонес кон економскиот и еколошкиот развој на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

bozinovska2-2

Амбасадорот на Чешка со поддршка за иницијативите на Божиновска - заедничка седница со чешки министри, авиолинии Скопје, Охрид – Прага

Македонија | пред 11 месец

03-foto-REK-Oslomej-Custom

Нов тарифник - фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на минерални суровини

Македонија | пред 1 година

bozinovska-ujp-1

Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

Македонија | пред 1 година

sanja-boz-2

Нови средства за зелени проекти - Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања