Промени тема
Контакт

Продолжи со дистрибуција на 120 литарски садови за селектирање на отпад во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

ОО
thumbnail-9

ЈП.„Охридски Комуналец“ во текот на вчерашниот ден на улицата „Стив Наумов“ продолжи со дистрибуција на 120 литарски садови за селектирање на отпад кои се донација на Министсрството за животна средина и просторно планирање.

— реклама —

Се работи за жолти садови за собирање на селектиран отпад од пластика и сини садови за селектиран отпад од хартија на домаќинства, кои се дел од вкупно 1.200 садови, доделени на Општина Охрид.

Акцијата се реализира во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ чија цел е подобрување на управувањето со отпад на општините и јавните комунални претпријатија од Југозападниот и Пелгонискиот регион, имплементиран од САЛАР Интернационал, а финансиран од Владата на Шведска.

— реклама —

Во текот на вчерашниот ден,  претставниците од САЛАР Интернатионал, Пеле Халберг и Емил Ангелов, директорот на Ј.П „Охридски Комуналец“, Сашо Најдески, претставници на Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ и претставници на Општина Охрид, направија увид на дел од охридските домаќинства на кои веќе им се доделени садови за селектирање отпад.

— реклама —

Граѓаните ја изразија својата подготвеност за учество во ваквиот начин на справување со отпадот, при што беше потанцирана реупотребата на селектираниот отпад, како најголема придобивка за зачувување на животната средина.

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања