Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Продолжува скандалот и обвинувањата со детали: „Луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ го оштетиле буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ahmeti-grubi-dui

„МВР и ЈО со денови молчат за оштетувањето на буџетот на државата преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ во висина и до 30 милиони евра, во кои што главни актери се луѓе блиски до врвот на СДСМ и ДУИ. Молчат и не преземаат буквално ништо“, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Според нашите сознанија, за кои што постојат и докази преку фиктивни фактури за поврат на ДДВ од УЈП фирми блиски до СДСМ и ДУИ шемата одела со две фирми во кои едната фирма се јавувала како фиктивен побарувач на ДДВ од УЈП, а другата фирма се јавувала како должник на ДДВ во УЈП. Фирмата која што е фиктивен побарувач и приоѓа на фирмата која што е вистински должник и со правење на договор за цесија со цел пребивање на долгот кој што реално го должи фирмата должник кон УЈП за определен надомест се оштетува буџетот и целата таа операција на оштетен буџет од тие фирми кои што се вмешани достигнува во висина и до 30 милиони евра.

— реклама —

За да успее овој организиран грабеж потребно е целосна кооперативност на врвот на УЈП кој што нормално е раководен од партиите на власт, како и на централната дирекција, така и на скопската дирекција.

И иако за овој криминал има докази и се е многу јасно, министерството за внатрешни работи, економскиот криминал, организиран криминал и ЈО молчат и ја кријат оваа злосторничка организација која била направена за испумпување на пари на граѓаните.

— реклама —

Овие 30 милиони евра се пари кои што се на штета на буџетот на македонските граѓани на македонската држава требало да завршат во буџетот, и со нив да бидат реализирани капитални инвестиции, но наместо тоа најголем дел од тие пари завршиле во џебови на луѓе кои што се во врвот на власта.

Оттука уште еднаш сакаме да ги повикаме МВР и ЈО да ја откријат оваа злосторничка шема која што има проневерено 30-тина милиони евра од буџетот на Република Македонија и буџетот на граѓаните, и доколку не ги обелоденуваат и продолжат да ги кријат, тоа ќе го стори ВМРО-ДПМНЕ, а по промена на власта одговорност за овој и за сите други криминални случаеви ќе има буквално за сите, и никој нема да биде спасен. Никој нема да биде заборавен кој што се огрешил пред законот, како за вистинските реализатори на овој криминал, директните сторители, така и за прикривачите и за оние кои што помагале“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dui

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryok8501p04mdn8TlZkJj

ДУИ: МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ: Северна Македонија остана надвор од мапата на ЕУ за пристапување

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg774cbuic3hf0XDl0xy

ДУИ бара оставка од Астрит Исени по наводите за полициско насилство врз две млади лица: МВР го истражува случајот

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања