Професорот по безбедност: Не знам каде Европа ќе најде десетици илјади војници за да ги испрати во Украина, откако Трамп се сврте кон Москва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
20170612161849

Русија ја слави одлуката на актуелниот американски претседател Доналд Трамп да ја замрзне воената помош за Украина, додека Европа се обидува да се обедини откако Трамп се сврте кон Москва, велат аналитичарите.

— реклама —

„Мислам дека Кремљ добива практично сè што сака од Трамп“, рече Метју Шмит, професор по национална безбедност и политички науки на Универзитетот во Њу Хевн.

„Всушност гледаме како САД преговараат само со Европа, а во исто време вршат притисок врз Украина, што е прилично чуден пресврт на настаните“, рече Шмит.

— реклама —

Франција и Велика Британија понудија алтернативен мировен план за Украина, кој вклучува „коалиција на подготвените“, со војници на земја и авиони во воздух, изјави британскиот премиер Кир Стармер во текот на викендот.

Но, Шмит за Си-Ен-Ен изјави дека има мали шанси Трамп да прифати каков било европски предлог за прекин на огнот.

Тој, исто така, додаде дека ќе биде многу тешко за европските сојузници на Украина да соберат „десетици илјади“ војници потребни за мировните сили.

„Немам поим од каде Европа би можела да добие толку многу војници“, рече Шмит.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања