Промени тема
Контакт

Профункционираа расипаните лифтови во МРТВ - ги поправиле!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија

Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) ги сервисираше и стави во целосна функција сите четири лифтови во зградата на МТВ во која канцелариски простории користат над 20 државни институции.

— реклама —

„Лифтовите сега се целосно оперативни и обезбедуваат сигурен, брз и лесен пристап до сите катови, што значително го подобрува функционирањето на институциите и услугите кои ги нудат.

— реклама —
— реклама —

Во изминатите години, лифтовите во зградата често беа неисправни, што создаваше големи проблеми за вработените и граѓаните кои имаа потреба од завршување административни работи во некоја од државните институции, што ја отежнуваше работата во институциите и пристапот до важни услуги.

Со преземените активности, СОЗР го потврдува својот континуиран ангажман за подобрување на условите за работа и за обезбедување на високи инфраструктурни стандарди. Одговорноста и посветеноста на СОЗР во овие процеси имаат за цел да создадат безбедни, удобни и ефикасни услови за сите вработени и граѓани кои користат услуги од државните институции. СОЗР одговорно ќе продолжи да работи на унапредување и одржување на инфраструктурата во јавните институции за да обезбеди најдобри услови за секого“, велат од СОЗР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 1 месец

media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања